Претседателот на Јужна Кореја по неуспешниот пуч сменет од функцијата и осуден на доживотен затвор

19.02.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Претседателот на Јужна Кореја по неуспешниот пуч сменет од функцијата и осуден на доживотен затвор

Централниот окружен суд во Сеул го осуди поранешниот јужнокорејски претседател Јун Сук-јеол на доживотен затвор по обвинението за поттикнување бунт поради неговата краткотрајна воена состојба во декември 2024 година, објави јужнокорејската агенција Јонхап.

Судот, кој првично го прогласи Јун за виновен за бунт, ја донесе првата пресуда во случајот, во која се вели дека тој имал за цел да го распушти парламентот со испраќање војници во зградата на законодавниот дом.

Екс претседателот е прогласен за виновен за злоупотреба на овластувањата и организирање на бунт откако во 2024 година ја мобилизираше војската и полицијата во противзаконскиот обид за преземање на Националното собрание, во кое мнозинство имале либералите, пренесува Скај Њуз. 

Како докажан конзервативец Јон ја бранел својата одлука како неопходна мера во намерата да се спречат либералите, кој ги опишал како „противдржавни “ сили со своето официјално и законско мнозинство да ја опструираат неговата програма. 

Со воведувањеѕо на вонредната состојба тој предизвикал национална политичка криза. 

Канцеларијата на специјалниот обвинител препорача смртна казна, додаде Јонхап.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата