Претседател поднесе оставка по колапсот на голема банка- милиони граѓани останаа без пари (ВИДЕО)

5.11.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Претседател поднесе оставка по колапсот на голема банка- милиони граѓани останаа без пари (ВИДЕО)

Парагвајскиот претседател Сантијаго Пења поднесе оставка откако парламентот започна дебата за неговиот импичмент по пропаѓањето на големата комерцијална банка Уено, што предизвика финансиски и социјални превирања во земјата, објави Си -Ен-Ен.

Дебатата за импичмент започна во парламентот утрово откако поранешниот претседател Орасио Картес, влијателен лидер на владејачката партија, јавно ја поддржа смената на Пења од функцијата.

Пратениците го обвинуваат Пења за судир на интереси, злоупотреба на пензиските фондови и институционално прикривање во врска со пропаѓањето на дигиталниот заемодавач Уено, поради што милиони Парагвајци не можеа да пристапат до своите сметки оваа недела.

Пења беше акционер во групата што го контролираше Уено до минатата година. Регулаторите ја презедоа контролата врз Уено претходно оваа недела и ги замрзнаа заштедите на милиони граѓани, вклучително и пензионери.

Овој потег предизвика масовни протести во земјата, каде што околу еден од тројца граѓани имал депозит во банката.

Кризата, исто така, предизвика сериозни поделби во владејачката партија Колорадо, која го донесе Пења на власт во 2023 година и со децении доминираше на политичката сцена во Парагвај.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата