Премиерот на Литванија поднесе оставка

31.07.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Премиерот на Литванија поднесе оставка

Литванскиот претседател Гитанас Науседа претпладнево соопшти за оставката на Палуцкас. Портпаролот на Палуцкас не одговори на барањето за коментар.

Палуцкас, лидер на Социјалдемократите, ја презеде функцијата кон крајот на минатата година кога беше формирана трипартиска коалиција по парламентарните избори во октомври.

Се очекува целиот негов кабинет да поднесе оставка, што би можело да ја остави земјата без ефективна влада неколку недели пред Русија да почне заеднички воени вежби со Белорусија. Малку е веројатно дека литванската надворешна политика ќе се промени поради реорганизацијата на владата.

Локалните медиуми претходно месецов ги соопштија резултатите од истрагата за претходното работење на премиерот и наводните злоупотреби. Потоа, истраги покренаа и надлежните државни институции. Медиумите исто така открија дека Палуцкас никогаш не платил поголем дел од казната од 16.500 евра, во врска со кривична постапка од 2012 година.

Палуцкас беше осуден за лошо водење на процесот на лицитација за услуги за истребување стаорци во Вилнус додека беше директор на општинската администрација на главниот град. Судиите на највисокиот суд во земјата во 2012 година пресудија дека тој ја злоупотребил службената положба незаконски давајќи привилегии на компанија која понудила највисока цена. Исто така, беше осуден на две години затвор, но казната беше условно изречена на една година и на крајот не ја отслужи.

Лидерот на Социјалдемократската партија негираше било какви незаконски дејства во врска со неговите претходни работи, нарекувајќи ги критиките дел од „координиран напад“ на политичките противници.

Тој поднесе оставка пред опозицијата да може формално да покрене постапка за отповикување. Се очекува наскоро да почнат нови коалициски преговори за формирање нова влада.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата