Нападот се случил нешто пред 12 часот, а полицијата привела млад човек (28) од Авганистан. Според „Билд“, две лица кои биле ранети во нападот се пренесени во болница со тешки повреди.
Според очевидци, полицијата брзо го совладала напаѓачот и со наведната глава го одвеле. Иако првично имало информации дека нападот го извршиле двајца напаѓачи, се покажало дека полицијата привела маж кој бил очевидец на убиството, но по распитот го ослободиле.
Мотивот за нападот се уште не е познат, а железничкиот сообраќај е во прекин бидејќи осомничениот за убиството се обидувал да побегне преку шините.
Полицијата го блокира целиот простор и како што е објавено, веќе нема опасност за јавноста.