Повеќе од 200 пожарникари се борат со пламенот кој стигнал до соседната покраина Бранденбург, во која се наоќа главниот град Берлин.
- Заедно со покраинската полиција на Саксонија, во моментов се испитува употребата на противпожарни хеликоптери, земајќи го предвид присуството на неексплодирани убојни средства во областа на пожарот, соопшти окружната канцеларија доцна синоќа.
Вчера беше трет ден по ред на противпожарни операции во Саксонија, кои принудија десетици жители да ги напуштат своите домови.
Синоќа беше евакуирано село во кое се наоѓа резиденција за лица со тешки попречености, соопшти Рајко Ридел од противпожарната бригада Цајтхајн.
Неколку часа подоцна, жителите на соседниот град добија известување преку апликација за предупредување дека треба да се евакуираат. Непосредно пред полноќ, беше даден сигнал дека во областа повеќе нема опасност.
Пожарот избувна завчера попладне во близина на место за демолирање што го користи службата за отстранување на убојни средства, според портпаролот на противпожарната бригада. До синоќа, пожарот првично бил локализиран. Теренот е тежок поради ризикот од детонирање на неексплодирани убојни средства на поранешниот воен полигон.