Пожар во хотел во популарно одморалиште во Белгија, нема жртви

5.01.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Пожар во хотел во популарно одморалиште во Белгија, нема жртви

Како што јавија белгиските медиуми повикувајќи се на претставник на локалната противпожарна служба, при пожарот немало „пријавени повредени“ меѓу гостите и вработените во хотелот.

Алармот за пожар во хотелот се активирал нешто по 20 часот, откако се запалил еден од апаратите во кујната.

- Практично немаше опасност за ниту еден од присутните, освен за персоналот во кујната, изјави претставникот на противпожарната служба Мајкл Гонзалес.

Тој информира дека околу 40 гости и персоналот на хотелот биле евакуирани од објектот и времено сместени во блиското казино.

Пожарот бил набрзо изгаснат, предизвикувајќи само материјални штети во кујната.

- Извршивме темелна инспекција. Имаше чад и штета од пожарот, но генерално беше ограничена на кујната, додаде Гонзалес.

Инаку, Кноке-Хајст важи за најпознато и најекслузивно одморалиште на белгискиот брег на Северното Море. 

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата