Повторно отворен аеродромот во Нова Каледонија

16.06.2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Повторно отворен аеродромот во Нова Каледонија

Аеродромот Ла Тонтута, кој го поврзува главниот град на Нова Каледонија Нумеа со летови до Сиднеј, Токио, Сингапур и други места, повторно ќе биде отворен в понеделник, се вели во денешното соопштение на високиот комесар на територијата.

Донесена е и одлука полицискиот час да се скрати за околу два часа, поради „подобрување на ситуацијата и да се олесни постепеното враќање во нормален живот, се вели во соопштението на високиот комесар.

Насилството што избувна на 13 мај поради контроверзните реформи за гласачкото право остави девет мртви, вклучително и двајца жандарми, и голема материјална штета. Како што започна кампањата за предвремените парламентарни избори во Франција, францускиот претседател Емануел Макрон ги суспендираше реформите кои би ги промениле избирачките права во Нова Каледонија.

Туристите заробени поради затворањето на аеродромот беа евакуирани со воени авиони. 

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата