Повеќе од 400 луѓе загинаа, во катастрофалните поплави што ја погодија Индонезија

1.12.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Повеќе од 400 луѓе загинаа, во катастрофалните поплави што ја погодија Индонезија

Спасувачките екипи се обидуваат  да стигнат до некои области на најтешко погодениот остров Суматра, каде што илјадници луѓе се отсечени и оставени без залихи.

Исклучително ретката тропска бура, наречена циклон Сењар, предизвика катастрофални поплави кои создадоа свлечишта во Индонезија, при што многу куќи беа однесени од поплавите, а илјадници згради беа поплавени. Поројни дождови и бури опустошија делови од Тајланд, Малезија, Филипините и Шри Ланка, погодувајќи милиони луѓе и оставајќи повеќе од 900 мртви низ Азија овој месец.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата