Повеќе од 24 Палестинци загинаа во израелски воздушен напад врз училиште во Газа

27.07.2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Повеќе од 24 Палестинци загинаа во израелски воздушен напад врз училиште во Газа

Локални извори соопштија дека во нападот на израелски воени авиони врз училиштето, кое се наоѓа западно од Деир ал Балах, имало десетици жртви, а многу луѓе биле тешко повредени, пренесува палестинската агенција Вафа.

Официјални лица изјавија дека бројот на загинати би можел да биде поголем, бидејќи операциите за пребарување и спасување сè уште се во тек.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата