Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, вчера објави дека ЕУ ѝ пружа поддршка на Колумбија, откако земјотрес со јачина од 7,4 степени според Рихтеровата скала однесе повеќе од 200 животи и уништи илјадници згради и куќи.
„Додека продолжуваат операциите за пребарување и спасување, ЕУ ѝ пружа поддршка на Колумбија секаде каде што е тоа можно“, напиша Фон дер Лајен на социјалната мрежа „Икс“ (X).
Таа изјави дека ЕУ става на располагање помош од два милиони евра за заедниците во најтешко погодените подрачја.
– Откако Колумбија го активираше Механизмот за цивилна заштита, работиме на тоа помошта да одговара на потребите на терен. Ова е европска солидарност – заклучи Фон дер Лајен во соопштение на шпански јазик.
Колумбија во понеделникот беше погодена од земјотрес во кој, според Си-Ен-Ен (CNN) и податоците на локалните власти, загинаа најмалку 200 луѓе, а спасувачките екипи сè уште не успеале да стигнат до епицентарот на земјотресот.

