Потврдувањето на големата четворка фаворити за клучните места во ЕУ се уште без консензус

19.06.2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Потврдувањето на големата четворка фаворити за клучните места во ЕУ  се уште без консензус

 Меѓу европските лидери продолжува играта на тронови, иако безмалку сите ја видоа Урсула фон Дер Лајен од Европската Народна партија со нов мандат на чело на Европската Комисија, а Роберта Мецола како старо – нова шефица на Европскиот Парламент.  Првиот човек на Европскиот Совет, Шарл Мишел, накусо потврди дека нема консензус по првиот лидерски состанок по европските избори нема договор.

-Имавме добри разговори во добра насока, но немаме договор вечерва во оваа фаза. Лидерите дадоа предлози, а во наредните денови ќе работиме дополнително и ќе ги подготвиме одлуките што треба да ги донесеме. , изјави шарл Мишел, претседател на Европскиот Совет

-Мислам дека таа (Лајен) e извонреден кандидат за следниот мандат како претседателка на Комисијата. Очигледно се работи за прашање околу целиот пакет. , изјави Марк Руте, премиер на Холандија.

Нов обид лидерите ќе имаат за една недела, кога треба да се искристализира начелниот договор според кој, португалецот Антонио Кошта од редовите на социјалдемократите ќе треба да го наследи Мишел во Европскиот Совет, а естонката Каја Калас од групата либерали на местото на Борел како шефица за надворешна политика. Проблемот за потврда на четворката настанал откако победникот на европските избори, Европската народна партија освен за позицијата на Лајен, инсистирала да добие и половина од 5-годишниот мандатот на првиот човек на Европскиот Совет, односно првиот дел да го одработи социјалдемократот Кошта, а вториот нивни кандидат.

-Не знам кој ја пуштил таа информација, но јас стојам зад се што сум рекол и мислам дека тоа е добро за нашето политичко семејство. Кога веќе остваривме вака убедлив резултат кога имаме 190-191 пратеник, таа реалност треба некако да ја рефлектираме во европските институции. , изјави Андреј Пленковиќ, премиер на Хрватска

Доколку се исполнат барањата на Народната партија за преполовување на мандатот во Европскиот совет, социјалдемократите, втората по големина партија во ЕУ, би останала без ниту една клучна функција во институциите по две и пол години.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата