Сведоците со ужас гледаа како количката со двегодишните близнаци паѓа од платформата на железничката станица на шините додека возот пристигнува, објави Дејли Меил.
Таткото на девојчето (40) веднаш скокнал од платформата во херојски обид да ги спаси своите деца, но за жал не успеал. Тој починал заедно со едно од девојчињата, додека другото било неповредено.
Мајката на девојчето (39) извикала „спаси ми ги бебињата“ од платформата, секунд пред трагедијата, велат очевидци.
Уште едно девојче за чудо се спасило од повреди иако завршило под возот.
Австралиските медиуми објавија видео од семејството неколку моменти пред трагедијата. На него се гледа како таткото ги турка девојчињата во количка, додека мајката оди покрај нив со количка за пазарење. Семејството изгледа опуштено додека се шетаат, не знаејќи каков ужас ќе ги снајде.
Трагедијата се случила вчера на железничката станица во Карлтон, јавуваат медиумите.
Полицаецот Пол Данстан рече дека родителите со лифтот се качиле на платформата на станицата, каде за момент ги тргнале рацете од количката.
Количката со близнаците потоа се истркалала кон железничката пруга, додаде тој.
Полицијата добила повик околу 12:25 часот откако очевидци виделе количка како паѓа од перонот на патеката на возот што доаѓал.
Возот не требало да застане на таа станица и се чини дека забавил пред трагедијата, но не успеал навреме да запре.
Кога видел дека количката е тргната кон шините, таткото се обидел да ги спаси своите деца, но за жал не успеал.
Тој и едната ќерка загинале, додека другото девојче било неповредено.
Мајката (39) и другото девојче се пренесени во болница и нивната состојба е стабилна.