Гарибашвили потпишал признание и се согласил на спогодба со обвинителството, соопштија обвинителите. Тој се соочуваше со можност за значително подолга затворска казна.
Покрај затворската казна, изречена е и парична казна од 1 милион грузиски лари (371.120 долари).
Парите запленети при претресот на неговиот дом, наводно стекнати од криминални активности, исто така се конфискувани и предадени на државата, се вели во соопштението. Неговиот адвокат за локалните медиуми изјави дека станува збор за сума од околу 6,5 милиони долари.
Гарибашвили беше премиер на Грузија двапати, од 2013 до 2015 година и од 2021 до 2024 година. Во двата наврати тој се повлече пред да му заврши мандатот. Тој исто така служеше како претседател на владејачката партија „Грузиски сон“.
Гарибашвили се повлече од политиката минатата година, јавно наведувајќи ја желбата да поминува повеќе време со семејството и да се посвети на работа во приватниот сектор, пренесе ДПА.
Грузија е во ек на политичка криза по оспорените парламентарни избори во октомври 2024 година. „Грузиски сон“ се прогласи за победник, додека опозициските партии го отфрлија резултатот и ја обвинија владата за изборен фалсификат.
Кога премиерот Иракли Кобахидзе во ноември 2024 година објави дека напорите на земјата за пристапување во Европската Унија ќе бидат суспендирани, следеа неколкунеделни масовни протести, од кои некои станаа насилни.
Владејачката партија оттогаш зазеде сè поавторитарен, антизападен курс и донесе закони во руски стил за пресметка со критичарите.

