Поранешниот еврокомесар Дидие Рејндерс е под истрага на белгиските власти поради перење пари

4.12.2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Поранешниот еврокомесар Дидие Рејндерс е под истрага на белгиските власти поради перење пари

Домот на Реиндерс беше претресен вчера, два дена откако ја напушти Европската комисија.

Се наведува дека поранешниот еврокомесар бил сослушан во полиција, но не можел да биде приведен бидејќи бил под истрага за можни злосторства за време на неговите години во ЕК и во белгиската влада. Се појаснува дека во таква истрага треба да важи имунитетот што тој го имал тогаш.

Според белгиски медиуми, откриени се сомнителни дејствија кои можеби довеле до акумулација на значителна сума пари. 

Рејндерс беше еврокомесар за правда во последните пет години, а пред тоа беше сукцесивно министер за финансии, надворешни работи и одбрана по 1999 година. Рејндерс двапати беше одбиен како кандидат за генерален секретар на Советот на Европа. 

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата