Поради екстремната жештина во Португалија за една недела умреа речиси 300 лица

4.08.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Поради екстремната жештина во Португалија за една недела умреа речиси 300 лица

Екстремната жештина предизвика смртни случаи, особено кај лицата со хронични заболувања и кај оние над 75 години.

Португалската влада прогласи состојба на тревога поради ризикот од шумски пожари, особено поради новиот топлотен бран што се очекува да ја погоди земјата до 7 август.

Португалското Министерство за внатрешни работи соопшти дека оваа недела ќе биде тешка, а црвена тревога е издадена за пет области. Според властите, се очекува нагло зголемување на температурите низ континентална Португалија, со вредности што ќе достигнат или надминат 40 степени.

Препораката до граѓаните, особено оние што припаѓаат на ранливите групи - бремени жени, деца, постари лица, лица кои страдаат од хронични заболувања, е да не излегуваат без итна потреба помеѓу 11 и 16 часот, како и да се заштитат од топлината и да пијат доволно течности.

Во Португалија моментално се активни повеќе од 90 пожари, кои ги гаснат речиси 2.000 пожарникари, со поддршка на 616 копнени возила и 22 авиони. 

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата