Популистите на чело со милијардерот Бабиш победија на изборите во Чешка

28.09.2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Популистите на чело со милијардерот Бабиш победија на изборите во Чешка

Вториот круг од изборите заврши деенска, а по пребројувањето на гласовите беше потврдено дека АНО освоила вкупно осум мандати, што е зголемување за седум пратенички места.

Либерално-конзервативните владејачки партии освоија вкупно 15 сенаторски места, иако претрпеа одредени загуби. Граѓанската демократска партија (ОДС) на Петар Фиала победи само во пет од десетте изборни единици што ги бранеше.

Унијата на градоначалници и независни (СТАН) на министерот за внатрешни работи Вито Ракушан обезбеди шест места, Христијанско-демократската унија (КДУ-ЦСЛ) две, а конзервативната партија ТОП09, исто така, две места. Излезноста од 17,5 отсто во вториот изборен круг, непосредно по катастрофалните поплави на истокот на Чешка, беше исклучително слаб.

Партијата АНО, предводена од милијардерот Бабиш, веќе извојува чиста победа на регионалните избори пред една недела. Партијата соработува на ниво на ЕУ со унгарската Фидес и Партијата на слободата на Австрија (FPÖ).

Изборите се сметаа за важен тест за расположението на гласачите пред изборите следната година за долниот, Претставничкиот дом, поважниот од двата парламентарни дома. Третина од 81 место во Сенатот се избираат на секои две години. Сенатот, заедно со Претставничкиот дом, врши законодавна улога и може да ги блокира уставните измени.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата