Во интервју за „Раша Тудеј“, Медински рече дека нуклеарна војна може да избувне ако конфликтот во Украина се запре без склучување вистински мир, бидејќи, според него, Киев и НАТО ќе се обидат да вратат нови територии на Руската Федерација.
„Ако го запреме конфликтот по линијата на фронтот и не се договориме за вистински мир, туку само склучиме некаков вид прекин на огнот, тогаш ова ќе биде - знаете, имаше спорен регион меѓу Ерменија и Азербејџан, Карабах - тогаш овој регион ќе се претвори во огромен Карабах“, рече Медински, кој е шеф на руската делегација на преговорите со украинската страна.
Тој рече дека Москва не сака да создаде „џиновски Карабах, непризнаен од никого, поради кој би можела да избувне нуклеарна војна“.
„По некое време, Украина, заедно со НАТО, со своите сојузници, ќе се приклучи на НАТО, ќе се обиде да го обнови, а тоа ќе биде крај на планетата, тоа ќе биде нуклеарна војна“, рече Медински.
Тој додаде дека Русија затоа сака да склучи „целосен мир“.
„Затоа, сакаме да ја запреме (војната), да склучиме целосен мир и да признаеме нови територии“, рече Медински, осврнувајќи се на териториите што Русија ги презеде од почетокот на војната во Украина.
Тој оцени дека Европа ја спречува Украина да постигне поволен договор со Русија.
„Кога разговарате со нив неформално, тие се, во принцип, разумни луѓе. Но, проблемот, како што ми се чини, е што Европа, односно оние кои се сметаат себеси за акционери и сопственици на Украина, едноставно не им дозволуваат, на раководството на Украина, да постигнат договори што се корисни за Украина“, рече Медински.
Тој додаде дека договор може да се „постигне многу брзо под прифатливи услови“ ако се водат од „интересите на Украина и украинскиот народ“, пренесе украинска Правда.
Медински додаде дека за време на претходните преговори, во април 2022 година, по консултациите со тогашниот британски премиер Борис Џонсон и претставниците на САД, украинската страна изјавила дека „странските партнери се против склучување договор“ со Руската Федерација.
Тој рече дека откако договорот му бил предаден на 15 април 2022 година, украинскиот претседател Володимир Зеленски „молчел две недели“, за време на кои го посетиле тогашниот британски премиер Борис Џонсон и претставници на Соединетите Американски Држави.
Медински рече дека украинската страна одбива да ги прифати телата на паднатите војници на вооружените сили на Украина бидејќи им е тешко да признаат такви загуби, а парите за надомест на штета веќе се потрошени.
„Прво, тешко им е да признаат толку огромни загуби. Второ, предложивме: товарете ги директно во нашите вагони, во нашите фрижидери, ако ги имате телата на нашите мртви (војници), за да можеме да ги закопаме. Се чини дека немаат што да товарат назад. И најважно, во Украина е донесен закон, според кој семејството на мртвите добива многу голема отштета од американски пари. Многу голема. Но, овие пари, што ги платија Америка и Европа, не се трошат за отштета. Тие веќе се потрошени за сосема други работи“, рече Медински.
Тој додаде дека парите за отштета „исчезнале“ и биле „потрошени“ и дека оттогаш „Украина не му платила на никого“.
„Тие (војниците) се прогласени за исчезнати. А ако се исчезнати, тогаш не мора да плаќате“, рече Медински.
Медински рече дека за време на последните преговори во Истанбул, кои се одржале на 2 јуни, во очите на членовите на украинската делегација видел „неподготвеност за борба“ и дека „ги погледнал во очи и не видел никаква разлика од Русите, туку, напротив, забележал дека се апсолутно исти, дури и во слични униформи“.