Полскиот претседател: Трамп е најдобрата шанса за мир во Украина

12.04.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Полскиот претседател: Трамп е најдобрата шанса за мир во Украина

Дуда за „Скај њуз“ објасни дека Трамп со своето искуство во светот на бизнисот и преговорите користи тактика што ја применил во трговските преговори, што може да донесе резултати и во политичките преговори, особено кога станува збор за мир во Украина.

Тој нагласи дека Трамп, како лидер одговорен пред американските даночни обврзници, мора да се сфати на специфичен начин и дека европските сојузници треба да бидат трпеливи и смирени кога станува збор за неговите политики.

Полскиот претседател самоуверено рече дека Трамп знае како „да се справи со рускиот претседател Владимир Путин“, потсетувајќи на неговите потези како што е блокирањето на изградбата на гасоводот Северен тек 2, што, како што посочи, сериозно влијаеше на руските енергетски амбиции.

Според него, „ако некој може да обезбеди крај на војната во Украина, тоа е американскиот претседател“.

Дуда, исто така, изрази надеж дека наскоро ќе се реализира идејата за отворање голема американска воена база во Полска, позната како „Форт Трамп“, истакнувајќи дека Полска веќе планира значителни инвестиции во одбраната, кои до 2025 година ќе изнесуваат 4,7 отсто од БДП.

Во врска со повлекувањето на американските војници од воздухопловната база Јасионка, Дуда нагласи дека бил информиран за планот и додаде дека разговорите за зајакнување на американското воено присуство во Полска се уште се во тек.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата