Полска ќе ги испорача претходно договорените залихи на оружје и муниција

21.09.2023
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Полска ќе ги испорача претходно договорените залихи на оружје и муниција

 Полска ги спроведува само претходно договорените испораки на муниција и оружје, вклучително и тие кои произлегуваат од договорите потпишани со Украина, изјави владиниот портпарол Пјотр Мулер, цитиран од полската државна новинска агенција.

Ова следи по вчерашните коментари на полскиот премиер Матеуш Моравјецки дека Варшава повеќе нема да испорачува оружје на Украина.

Тензиите меѓу Варшава и Киев се разгореа во последните денови откако Полска воведе забрана за увоз на жито во Украина во обид да ги заштити интересите на полските земјоделци. 

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата