Изградбата на штитот, долг повеќе од 640 километри, ќе опфати противтенковски утврдувања, бункери и други пречки изградени за физичка одбрана на границата и за контрола на движењето.
Поддршката на САД за одбраната на Европа се очекува да ослаби откако Доналд Трамп ќе ја преземе функцијата претседател на САД во јануари следната година. Да потсетиме, тој во неколку наврати изјави дека планира да стави крај на руската инвазија на Украина на првиот ден од неговиот мандат, а најави и намалување на помошта за Киев, пренесува Дејли Мејл.
Воздушната одбрана и модерните технологии за надгледување напојувани со вештачка интелигенција, исто така, ќе ја заштитат Полска од заканите на модерното војување.
For those unaware. Polish MoD announced that the eastern border will be reinforced with 50km deep fortification line called Eastern Shield. pic.twitter.com/zpTpXbMci3
— NonCredibleDefense Unofficial (@NonCRDDefence) May 29, 2024
Штитот треба да вклучува и сателитска компонента за да обезбеди „уште еден елемент на безбедноста“, рече полскиот премиер Доналд Туск.
Тој додаде дека утврдувањата биле дизајнирани да ја одбранат земјата од потенцијалните непријатели, а растечка закана за Западот се смета милитаризираната руска енклава Калининград.
Тоа е веројатно најголемата инвестиција во националната безбедност во повоената историја на Полска. Планирана е повеќеслојна одбранбена линија длабока околу 200 метри, а ќе се состои од огради, ровови и мински полиња.
Високата гранична ограда со бодликава жица и противтенковски ровови ќе биде првата пречка за секој потенцијален напаѓач, а на патот ќе бидат поставени и други пречки како што се „змејски заби“, бетонски шилести блокови што се користат за запирање на оклопни возила.
Ако одбраната не успее, бункери и подземни засолништа ќе бидат скриени во шумите.
Туск летово најави и дека има зголемен миграциски притисок на источната граница, како и дека Москва и Минск можеби ќе се договорат за пренасочување на барателите на азил на запад.
„Границата не може да се помине неказнето. Русија и Белорусија стојат зад ова, а целиот свет ја нарекува хибридна војна. Ние нема да се откажеме. Ова го правиме за да го одвратиме непријателот, па сите оние кои сакаат штета на Полска. Сите оние кои планираат напад, агресија врз нашите сојузници или врз нашата земја, слушаат денес овде, од главниот плоштад во Краков: држете се настрана од Полска“, рече Туск во јули.