Полицијата спречила убиство во Германија- пукале во воздух при напад на девојче со нож

10.07.2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Полицијата спречила убиство во Германија- пукале во воздух при напад на девојче со нож

Инцидентот се случил вчера попладне, а како што пренесува Билд, девојчето наводно се расправало со другото девојче, кога извадила нож и почнала да ѝ се заканува.

Во паркот имало и други деца, а во близина имало и училиште од каде веднаш повикале полиција.

Кога пристигнала итната помош, девојчето заканувачки тргнало кон полицајците, додека во кренатата рака држела нож.

„И покрај тоа што ѝ било кажано да застане, девојчето продолжило да оди кон полицајците, кога еден од нив испукал предупредувачки истрел во воздух. Додека девојчето продолжило да оди, полицаецот испукал втор предупредувачки истрел“, изјавил полицискиот портпарол.

Бидејќи истрелите накратко ја збуниле, полицајците успеале да ја совладаат без повреди.

Се зборува дека девојчето имало психички проблеми и дека можеби се надевала дека полицијата ќе пука во неа. Меѓутоа, полицијата реагирала многу смирено и испукале истрел во воздух, па немало повредени.

Девојчето подоцна било примено на психијатриска клиника. Момче (13) се здобило со полесна повреда на прстот. Како се случило, сè уште не е јасно.

Истрагата продолжува.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата