Преголемата понуда на брашно и умерената побарувачка и од домашни и од извозно ориентирани компании го зголемуваат притисокот врз цените, се вели во извештајот на информатичко-аналитичката агенција АПК-Информ.
Според проценките, речиси е невозможно да се продава брашно на извозниот пазар поради блокадата на полските граници, што влијае и на постепеното намалување на цените.
Како што се наведува, од почетокот на месецот цените на висококвалитетното брашно се намалени за 2,5 до 7 евра за тон, а од денеска се движат од 230 до 260 евра по тон. /МИА

