Белата куќа соопшти дека повикот е во тек од 15 часот и добро напредува, пренесува Sky news.
„Повикот се одвива добро и сѐ уште трае“, напиша Ден Скавино, заменик-шефот на кабинетот на Белата куќа, во објава на платформата X.
Да потсетиме дека Кремљ претходно објави дека разговорот на претседателот треба да трае од 16 до 18 часот по московско време.
Happening Now—President Trump is currently in the Oval Office speaking with President Vladimir Putin of Russia since 10:00amEDT. The call is going well, and still in progress.
— Dan Scavino (@Scavino47) March 18, 2025
Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, утринава нагласи дека Путин и Трамп ќе разговараат онолку колку што сметаат дека е потребно, а разговорите ќе се однесуваат на нормализацијата на руско-американските односи, како и за украинското прашање.
Трамп претходно денеска потврди дека ќе разговара со Путин за војната во Украина и истакна дека многу елементи од конечниот мировен договор се веќе договорени, но дека треба да се направи многу повеќе.