Сара Бекстром од Западна Вирџинија, еден од припадниците на Националната гарда за кои зборуваме, многу почитувана, млада, прекрасна личност … Таа штотуку почина. Таа повеќе не е со нас, истакна Трамп.
Додека другиот припадник на Националната гарда е повреден, како и напаѓачот.
Трамп посочи дека напаѓачот „скапо ќе плати“ за своето дело.
Поради инцидентот Бела куќа воведе најстрогите безбедносни мерки, а Трамп најави протерување на имигрантите.

