Бадентер, поранешен социјалистички министер за надворешни работи на Франција, е роден во 1928 година во Париз, пренесува Le Monde.
Бил и професор по право на Сорбона, претседател на францускиот Уставен совет и сенатор на француското национално собрание.
Во својата долгогодишна правна и политичка кариера првенствено се залагал за укинување на смртната казна во Франција, што му успеало во 1981 година.
Кога Франсоа Митеран стана претседател во мај истата година, тој го назначи Бадентер за свој министер за правда. Укинувањето на смртната казна стана приоритет на новата социјалистичка влада, но тоа наиде на силен отпор во некои кругови. Бадентер од прва рака беше сведок на ужасниот крај на гилотина и беше решен да го протурка законот.
Тој исто така бил посветен борец за декриминализација на хомосексуалноста.
Роберт Бадентер претседаваше со Арбитражната комисија на Мировната конференција за Југославија, која во 1991 година заклучи дека СФРЈ е во процес на распаѓање, врз основа на кој на 15 јануари 1992 година, земјите од Европската економска заедница (ЕЕЗ) ја признаа државната независност на Хрватска и Словенија во постојните граници.
Арбитражната комисија во рамките на Мировната конференција за Југославија, попозната како Бадентерова комисија, беше арбитражна комисија формирана од Советот на министри на Европската економска заедница (ЕЕЗ) на 27 август 1991 година, чија задача беше да промовира мирно разрешување на кризата со решавање на спорните правни прашања во поранешна Југославија.
Роберт Бадентер беше назначен за претседател на петчлената комисија, која ја сочинуваа претседатели на уставните судови од земјите-членки на ЕЕЗ.
Според мислењето на комисијата, во заклучокот донесен на 29 ноември 1991 година, СФРЈ се распадна, а границите меѓу поранешните федерални единици се земени како државни граници на новосоздадените земји, кои не можат насилно да се менуваат, пренесува Јутарњи.
Оваа одлука даде правен основ за признавање на независноста на републиките од поранешна СФРЈ.
Овој еврејски интелектуалец, чиј татко починал во германски концентрационен логор, бил често на удар на омраза од француската десница, делумно обележана со антисемитизам.