По разорниот земјотрес, нова трагедија во Филипини- свлечиште однесе десетина животи (ФОТО)

10.07.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
По разорниот земјотрес, нова трагедија во Филипини- свлечиште однесе десетина животи (ФОТО)

Еден маж е спасен од урнатините и однесен во болница со сериозни повреди, додека најмалку 115 семејства се евакуирани, соопшти локалната Канцеларија за намалување на ризиците од катастрофи и управување со вонредни состојби.

Во тек се операции за пребарување и спасување, објави Синхуа.

Катастрофата, која се случи на вториот по големина остров на Филипините, е предизвикана од континуирани обилни дождови и интензивирање на југозападниот монсун, кој предизвика лизгање на земјиштето, соопштија филипинските власти во соопштението.

Според локалните власти, земјиштето е ослабено и од земјотресот со јачина од 7,8 степени што го погоди подрачјето на 8 јуни, а жителите се предупредени да останат внимателни поради можни дополнителни лизгања на земјиштето, објави Синхуа.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата