„Поставив едноставна цел. Целта на морнарицата, но и на Израел, е да ги обезбеди морските линии и слободата на поморската трговија, кои се од витално значење за Државата Израел“, рече Нетанјаху за време на посетата на поморската база во Хаифа, објавува „Тајмс оф Израел“.
Неговата изјава дојде, според израелскиот портал, во време кога Иран продолжува да напаѓа танкери во Ормускиот теснец, а јеменската бунтовничка група Хути, која е поддржана од Иран, упатува нови закани до израелските бродови во Црвеното Море.
Британската агенција за поморски трговски операции (UKMTO) претходно денес објави дека танкер бил погоден од неидентификувана ракета додека пловел низ Ормускиот теснец.
Индиректните разговори меѓу САД и Иран, одржани минатата недела во катарскиот главен град Доха, завршија без никаков значаен напредок по прашањето за Ормускиот теснец.
Иран ги предупреди бродовите да не минуваат низ Ормускиот теснец преку јужната рута во оманските води, нагласувајќи дека секое поминување низ водниот пат мора да биде координирано со иранската војска.

