По 224 дена ПАДНА БАХМУТ, Путин им ја честиташе победата на Вагнер и на руската армија

21.05.2023
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
По 224 дена ПАДНА БАХМУТ, Путин им ја честиташе победата на Вагнер и на руската армија

Русија вчера соопшти дека го освоила целиот украински град Бахмут, што, доколку се потврди, ќе го означи крајот на најдолгата и најкрвавата битка од 15-месечната војна.

Нападот на веќе речиси израмнетиот град го предводеше руската платеничка воена група Вагнер, чиј водач Евгениј Пригожин претходно истиот ден изјави дека неговите сили го зазеле целиот град и секоја куќа.

Заземањето на Бахмут, кој Русите го нарекуваат Артјомовск уште од советската ера, би значело прва голема руска победа во битка која трае повеќе од 10 месеци.

Руското Министерство за одбрана накратко објави „дека ослободувањето на Артјомовск е завршено како резултат на нападот на јуришните одреди Вагнер, со поддршка на артилерија и воздухопловни сили“.

Рускиот претседател Владимир Путин им честиташе на војниците за заземањето на градот, велејќи дека најзаслужните ќе бидат наградени, пренесоа руските агенции.

Пригожин, кој досега постојано ја повикуваше регуларната руска армија за напуштање на својата позиција, рече дека неговите сили ќе се повлечат од Бахмут од 25 мај поради одмор и ќе ја предадат контролата на редовната руска армија.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата