Пет лица се исчезнати во пожар во Швајцарија, осум повредени

21.08.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Пет лица се исчезнати во пожар во Швајцарија, осум повредени

 Зградата, во која се наоѓале ресторан и станови, е целосно уништена, потврди полицијата во кантонот Граубинден, јавува Би-Би-Си.

Полицијата била повикана на пожарот кратко по полноќ, по што речиси 100 пожарникари излегле на местото на настанот. Интервенцијата била исклучително тешка бидејќи скалите на зградата се урнале, па пожарникарите морале да користат кран за да го пробијат покривот за да пристапат до внатрешноста. И покрај тешките услови, 14 лица биле спасени од запалената зграда.

Состојба на повредените и истрага

Од осумте повредени, двајца се здобиле со сериозни повреди, двајца умерено сериозни, додека четворица се здобиле со полесни повреди. Сите се однесени во болниците во Хур, Тусис, Иланц и Цирих. Првичните резултати од истрагата покажуваат дека пожарот започнал на вториот кат, но точната причина сè уште се утврдува. Истрагата ја спроведуваат заеднички полицијата и канцеларијата на државниот обвинител.

Тусис е град во алпскиот регион Граубинден, популарна туристичка дестинација во источна Швајцарија позната по своите зимски спортови и летни активности на отворено.

Фото: ФБ

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата