Тим за отстранување на експлозивни направи беше испратен на аеродромот откако во багажот бил откриен „сомнителен забранет предмет“, соопшти полицијата, додавајќи дека безбедносниот кордон ќе остане на место околу јужниот терминал на аеродромот и дека тим за отстранување експлозивни направи (ЕОД) бил распореден „претпазливо“.
Аеродромот Гетвик, кој се наоѓа на 48 километри јужно од центарот на Лондон, е втор најфреквентен во Велика Британија, а поради денешното затворање на јужниот терминал, сообраќајот во тој дел е значително нарушен, па полицијата ги советува патниците да избегнуваат пристигнување.
Компанијата „Gatwick Express“, која нуди брз трансфер меѓу аеродромот и центарот на Лондон, објави дека нејзините возови не сообраќаат до аеродромот, пренесува Sky News.
Снимките на социјалните мрежи направени надвор од аеродромот покажуваат толпи патници кои се оддалечуваат од зградата на терминалот. На патниците кои стоеле во близина на аеродромот во еден момент им биле дадени заштитни фолии за да се заштитат од дожд и студ, со оглед на тоа дека температурата била само неколку степени над нулата.
Gatwick Airport’s South Terminal evacuated this morning following a security incident.
— British Pakistani Index (@PakistaniIndex) November 22, 2024
Passengers, including those past security, were told to leave.
Authorities investigating; terminal access restricted. #Gatwick #SecurityIncident pic.twitter.com/H5oMJXVlbw
Претставниците на аеродромот рекоа дека евакуацијата е „мерка на претпазливост“ и дека безбедноста на патниците и персоналот е нивен главен приоритет и дека работат на решавање на проблемот што е можно поскоро. Во исто време, летовите од северниот терминал се одвивале без никакви проблеми.
Аеродромот препорача одложување на патувањата, додека портпаролот на аеродромот рече дека купените билети ќе бидат вратени без дополнителни трошоци.