Песков: Сè уште не е договорен датум за следниот круг мировни преговори со Украина

10.02.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Песков: Сè уште не е договорен датум за следниот круг мировни преговори со Украина

Русија, САД и Украина минатата недела во Абу Даби ја одржаа втората рунда преговори, но не постигнаа голем напредок освен што беше договорена размена на 314 воени заробеници. Тоа е прва размена од октомври минатата година.

Тој се осврна и на односите помеѓу Русија и Франција, истакнувајќи оти и покрај контактите помеѓу Москва и Париз, не гледа желба кај другата страна за обновување на дијалогот на највисоко ниво.

Одамна изјавуваме дека целосниот прекин на односите е нелогичен, контрапродуктивен и штетен за сите страни, наведе Песков, додавајќи оти Русија го поддржува дијалогот за решавање на итни проблеми што не можат да се решат преку конфронтација. 

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата