Песков: Русија повикува на воздржаност во врска со Иран

19.02.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Песков: Русија повикува на воздржаност во врска со Иран

Песков нагласи дека Москва продолжува да ги развива односите со Техеран, но во исто време апелира до „иранските пријатели, како и до сите страни во регионот“ да избегнат ескалација и да покажат максимална одговорност.

Зборувајќи за руско-иранските воено-поморски маневри, Песков нагласи дека станува збор за однапред планирани и редовни активности кои се координирани многу порано.

„Ова се редовни вежби кои беа договорени многу порано“, им рече тој на новинарите.

Претходно, медиумите објавија дека високи претставници на националната безбедност го информирале американскиот претседател Доналд Трамп дека војската е подготвена за потенцијални напади врз Иран уште в сабота, но дека временската рамка за каква било можна акција веројатно ќе се продолжи и по овој викенд.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата