Педофил е уапсен среде Дизниленд во Париз- сакал да се ожени со 9- годишно девојче (ВИДЕО)

24.06.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Педофил е уапсен среде Дизниленд во Париз- сакал да се ожени со 9- годишно девојче (ВИДЕО)

Француските обвинители потврдија дека станува збор за педофил во бегство кој е под истрага во Велика Британија за кршење на условите од регистарот на сексуални престапници.

Инцидентот се случил во саботата, кога вработените во забавниот парк биле шокирани кога виделе маж во придружба на деветгодишно украинско девојче, нејзината мајка и околу 100 гости. Сè било организирано како „лажна венчавка“, која требало да се емитува во живо на социјалните мрежи, објавува „Дејли меил“.

Осомничениот британски државјанин, кој е под законска забрана за именување, е обвинет за измама, кршење на довербата, перење пари и кражба на идентитет. Обвинителите во Мо, град источно од Париз, рекоа дека користел фалсификувани документи за да се претстави како латвиски државјанин и да склучи договор за „приватизација“ на дел од Дизниленд, вреден околу 115.000 фунти.

Девојчето, според обвинителството, ја играло улогата на „невеста“, а мајката на детето за време на сослушувањето изјавила дека сакала „ден достоен за принцеза“ за својата ќерка.

Покрај Британецот, уапсени се уште три лица: мајката на девојчето (41), државјанка на Украина, потоа 24-годишна Латвијка која ја играла сестрата на „невестата“ и 55-годишен маж од Латвија кој исто така учествувал во церемонијата.

Истрагата покажала дека настанот бил организиран како фиктивна свадба исклучиво за цели на снимање, и дека детето не било изложено на физичко или сексуално насилство, ниту пак било принудено да учествува. Девојчето пристигнало во Франција два дена пред церемонијата.

Според обвинителите, организаторите ангажирале статисти преку интернет, вклучувајќи околу 100 Французи кои се претставиле како гости, сето тоа под услов настанот да остане таен.

Вработените во Дизниленд наводно го прекинале настанот штом дознале дека „невестата“ на церемонијата всушност е дете.

„Сите беа во шок. Персоналот на Дизниленд реагираше професионално и веднаш запре сè“, изјави еден статист за „Ле Паризиен“. Друг статист ја опиша хаотичната сцена за францускиот „Ле Паризиен“: „Ги видов вработените како си заминуваат во солзи. Еден човек помина покрај мене и на англиски рече: „Девојчето има 9 години, запираме сè!“

Обвинителството сè уште спроведува детална истрага, а Британецот моментално е во притвор чекајќи понатамошна екстрадиција или судење во Франција.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата