Преговорите за решавање на конфликтот во Нагорно-Карабах од неговиот почеток во 1994 година се поврзани со враќањето на Нагорно-Карабах под контрола на Азербејџан, изјави ерменскиот премиер Никол Пашинјан, пренесоа ерменските медиуми.
-Од 1994 година, односно по прекинот на огнот, преговарачкиот процес од самиот почеток беше за враќање на Нагорно-Карабах под контрола на Азербејџан. Преговарачкиот процес немаше друга намера, рече тој на социјалните мрежи.
„Информациите за преговори со друго значење беа воведени во Ерменија исклучиво за решавање на внатрешно-политички прашања. Во овој контекст, направив голема грешка - во 2018 година, откако се запознав со содржината на преговорите, не си го признав претходно наведеното ( мојот познат национализам не ми го дозволи тоа) и затоа сето ова не му го објаснив на народот, додаде Пашинјан./МИА