Пашинјан повторно го обвини Азербејџан за етничко чистење во Нагорно Карабах

28.09.2023
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Пашинјан повторно го обвини Азербејџан за етничко чистење во Нагорно Карабах

-Егзодусот на Ерменците од Нагорно Карабах продолжува. Нашата анализа покажува дека во наредните денови нема да има повеќе Ерменци во Нагорно Карабах, рече Пашинјан.

Тој повтори дека станува збор за етничко чистење за што е предупредена меѓународната заедница.

Повеќе од 65.000 лица досега избегаа од Нагорно-Карабах во Ерменија, што претставува повеќе од половината од населението на енклавата што Азербејџан ја зазеде минатата недела.

Баку во неделата, четири дена по капитулацијата на сепаратистите и прекинот на огнот, дозволи отворање на Коридорот Лачин, единствениот пат што ја поврзува енклавата со Ерменија.

Цивилите почнаа да го напуштаат Нагорно Карабах веднаш по пристигнувањето на азербејџанските сили.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата