Париз под целосна блокада пред отворањето нa Олимписките игри (ВИДЕО)

26.07.2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Париз под целосна блокада пред отворањето нa Олимписките игри (ВИДЕО)

Многу улици се блокирани околу строгиот центар, а сега ова е драстично променето и заострено, па за да се дојде до самиот центар на градот и Трокадеро, каде што ќе се одржи последната парада на свеченото отворање, треба да се оди наоколу и да се бараат единствените слободни улици.

Дополнителен проблем за сите е тоа што денеска во Париз се голем број високи функционери и државници од целиот свет, па безбедносните мерки се уште посилни, а многу улици дополнително се блокирани.

Речиси цело време се слушаат полициски сирени и некој поминува под ротации.

Нема сомнеж дека сигурно ќе биде вака неколку часа додека не заврши свеченото отворање на Игрите.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата