Папата ненадејно се појави меѓу верниците на плоштадот Свети Петар во Рим

13.04.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Папата ненадејно се појави меѓу верниците на плоштадот Свети Петар во Рим

Аргентинскиот папа (88) седна во својата инвалидска количка и изгледаше дека е во релативно добра форма. Немаше назална канила за кислород, се движеше низ плоштадот во инвалидска количка, се ракуваше со толпата и им нудеше слатки на децата пред да каже од олтарот пред базиликата Свети Петар дека на сите им посакува „среќни Цветници и среќна Страсната недела“.

Минатата недела Светиот Отец имаше неколку неочекувани појави на некои настани, иако на ниту една од нив не беше најавен или дел од официјалната програма на Ватикан.

Папата се опоравува.

Франциск пред една недела неочекувано се појави пред базиликата Свети Петар и ги поздрави верниците, а во средата на приватна аудиенција ги прими англискиот крал Чарлс и кралицата Камила, иако нивната средба првично беше откажана.

Тој во четвртокот ја посети и базиликата Свети Петар за да се увери дека работите на нејзината реставрација се одвиваат без проблеми и му оддаде почит на Пие X пред неговиот гроб, истовремено поздравувајќи ги верниците и реставраторите кои случајно се нашле таму. Во саботата се молеше во својата омилена базилика, онаа на Света Марија Велика.

Во денешната молитва Ангел Господов, што ја пренесе Ватикан, Папата им се заблагодари на верниците за нивните молитви и повика на мир во светот, особено мислејќи на жртвите од уривањето на ноќниот клуб во Санто Доминго.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата