Магнитудата на земјотресот првично беше проценета на 6,7 степени според Рихтеровата скала, но Американскиот геолошки институт набрзо ја намали јачината на 5,2 степени, објави Дејлимејл.
Земјотресот се случи околу 10 часот по пацифичко време и беше почувствуван низ Јужна Калифорнија, вклучувајќи ја и областа Лос Анџелес, објави Фокс 11.
Беше испратено и итно предупредување до жителите: „Регистриран земјотрес! Легнете, покријте се, издржете. Заштитете се“.
Видеата објавени од ABC 10 покажуваат како земјотресот ги тресе домовите и светлосните тела. На социјалните мрежи се појавија и видеа на кои се гледа како компјутерите и телевизорите потскокнуваат поради земјотресот.
На снимката објавена од NBC 7 се гледа како жена во паника скока од каучот, го грабна своето бебе и трча на безбедно додека тресе земјотресот. Друго видео покажува исплашена мачка како гледа како се тресе куќа за време на земјотрес.
Пријавени се најмалку седум последователни потреси, вклучително и еден со јачина од 3,9 степени. Засега нема информации за повредени или причинета материјална штета.