Пакистанец планирал терористички напад во Њујорк, одбрал симболичен датум

7.09.2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Пакистанец планирал терористички напад во Њујорк, одбрал симболичен датум

Мухамед Шахзеб Кан (20) е обвинет за планирање масовно пукање во Еврејскиот центар во Бруклин околу 7 октомври 2024 година, една година по нападот на Хамас врз Израел во кој загинаа околу 1.200 луѓе.

Државниот обвинител Мерик Гарланд рече дека Кан, кој е познат и како Шахзеб Џадун, имал за цел да убие „што е можно повеќе Евреи“. Според обвинението, Кан се обидел да отпатува од Канада во САД, каде што имал намера да употреби автоматско и полуавтоматско оружје за да го изврши нападот.

Канадската полиција вчера објави дека го уапсила Кан во средата во Ормстаун, Квебек, јужно од Монтреал. Кан треба да се појави пред судот во Монтреал на 13 септември. Тој им кажал на двајца тајни полицајци за неговите планови да создаде „вистинска ќелија“ на поддржувачи на Исламската држава за извршување напади, се наведува во обвинението.

Тој им наредил да набават пушки, муниција и други материјали за да го извршат нападот и идентификувал конкретни локации за нападот. Кан го избра Њујорк затоа што има „најголема еврејска популација во Америка“, рекоа обвинителите.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата