Пакистан нападна талибански бази во Авганистан

22.02.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Пакистан нападна талибански бази во Авганистан

Нападите на Пакистан претставуваат повторна ескалација на конфликтот со земјата управувана од Талибанците, само неколку дена откако Кабул ослободи тројца пакистански војници во обид со посредство на Саудиска Арабија да се намалат тензиите по повеќемесечни гранични судири.

Пакистанското Министерството за одбрана во своето соопштение вели дека има цврсти докази дека припадници на „Хвари“, што е име за пакистанските Талибанци кои дејствуваат по инструкции на авганистанската база, стојат зад самоубиствениот напад.

Во соопштението, исто така, се наведува дека цел биле седум терористички кампови кои, според разузнавачките информации, им припаѓаат на пакистанските Талибанци. 

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата