Падна владата на Полска: Мнозинството пратеници не му дадоа доверба на Моравјецки

11.12.2023
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Падна владата на Полска: Мнозинството пратеници не му дадоа доверба на Моравјецки

Со ова гласање завршува осумгодишното владеење на партијата Право и правда (ПиС), за која критичарите велат дека ја поткопа независноста на судството, ги користеше државните медиуми за своја пропаганда и придонесе за создавање предрасуди против малцинските групи, како што се мигрантите, или ЛГБТ заедницата.

Туск, поранешниот претседател на Европскиот совет, вети дека ќе ги „омекне“ односите меѓу Варшава и Брисел и ќе ги деблокира милијардите евра наменети за Полска, кои се во застој поради загриженоста на лидерите на ЕУ за владеењето на правото во Полска.

Од 456 пратеници кои гласаа, 266 беа против владата на Моравјецки, додека 190 пратеници ја поддржаа.

Изборите во Полска се одржаа на 15 октомври. Партијата на Моравјецки освои 194 мандати, а на Туск 157.

Сепак, Туск би можел да формира влада со коалиционите партнери.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата