Ниту еден од лицата во авионот не преживеа, потврди шерифот на округот Сок, Чип Мајстер. Причината за падот сè уште не е позната, обави Си-Би-Ес.
Авионот се урна околу 21:31 часот по локално време синоќа во Делона, околу 40 милји северозападно од Медисон, главниот град на Висконсин.
Plane crash in Wisconsin kills 5 https://t.co/BMprqRvp7Z
— John Solomon (@jsolomonReports) October 14, 2026
Според канцеларијата на шерифот, загинаа пет возрасни лица и едно дете. Нивниот идентитет сè уште не е објавен. Полицијата доби повеќе пријави за пад на авион во областа Парк Лејн, во близина на државниот парк Мирор Лејк.
Полицијата, противпожарната служба и службите за итни случаи пристигнаа на местото на настанот и ги пронајдоа жртвите во остатоците. Според првичните информации, нема повредени меѓу оние на земја и не е пријавена штета на блиските згради.
Во истрагата ќе бидат вклучени Федералната администрација за воздухопловство на САД (FAA) и Националниот одбор за безбедност во сообраќајот (NTSB), кој ги истражува причините за големи несреќи.

