Падна авион во близина на Москва- најмалку четворица загинати

28.06.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Падна авион во близина на Москва- најмалку четворица загинати

Службите за итни случаи соопштија дека падот на лесниот авион Јак-52 предизвикал пожар на поле во селото Паново во округот Коломна.

„Првично, четири лица загинаа“, рекоа тие.

Според една верзија, причина за падот е дефект на моторот поради прегревање.

Истрагата за несреќата е во тек, по што треба да бидат познати повеќе детали.

Во моментов не е познато кој бил во авионот, ниту дали има повредени на земја.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата