Откако вчера беа пронајдени посмртните останки, истрагата и потрагата по осомничениот ја презеде Скотланд Јард, пренесува Sky News.
Полицијата соопшти дека осомничениот маж, чии слики биле објавени, дошол од Лондон во Бристол, а злосторството се случило во западниот дел на британската престолнина.
Во средата вечерта, полициски службеници добиле пријави дека маж со куфер се однесува сомнително на мостот.
За 10 минути безбедносните сили пристигнале на местото на настанот, но осомничениот веќе побегнал, оставајќи го куферот во близина.
Вториот куфер бил пронајден набрзо потоа, а во двајцата биле пронајдени останки на двајца мажи.