Откриени детали од разговорите меѓу Лавров и Рубио: Една тема во посебен фокус

24.09.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Откриени детали од разговорите меѓу Лавров и Рубио: Една тема во посебен фокус

 Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, денеска ги откри деталите од разговорите меѓу рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров и американскиот државен секретар Марко Рубио, наведувајќи дека страните разговарале за широк спектар прашања.

Според неа, разговорот, кој се одржа во средата во Њујорк на маргините на неделата на состаноци на високо ниво во рамките на 81-та сесија на Генералното собрание на ОН, бил значаен, пренесува „РИА Новости“.

„Но, би сакала да го свртам вниманието на делот од преговорите во кој се разгледуваше еден многу интересен аспект што ја поврзува ситуацијата околу Украина и украинското прашање – не само со тесната координација на режимот во Киев со западноевропските партнери, туку и со фактот дека деструктивните дејства на тој режим (кои во суштина претставуваат терористички напади и екстремистички активности, вклучително и насочени напади врз цивили и прекугранични инфраструктурни објекти) доведуваат до дестабилизација на глобалните енергетски пазари“, изјави таа во интервју за каналот „Соловјов лајф“ (Soloviev Life).

Таа нагласи дека Американците гледаат директна поврзаност меѓу нападите на Киев врз инфраструктурните објекти и флуктуациите на цените на енергенсите.

Според неа, Москва постојано укажува на тоа дека „поради некоја чудна причина, режимот во Киев одамна е опсесивно привлечен кон прекугранични енергетски проекти“, кои ги вклучуваат не само Русија, туку и Казахстан, Турција и други земји.

„Ние обрнавме внимание на ова. На почетокот, сите се преправаа дека тоа изгледа неинтересно и не толку важно. А сега се испоставува дека сето тоа е директно поврзано. И ако режимот во Киев прогласи екстремистичка терористичка кампања против глобалниот енергетски сектор, тогаш не станува збор само за ситуацијата што се развива околу руските енергетски постројки. Станува збор за многу поширока слика – онаа што ја има Зеленски пред себе“, заклучи таа.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата