Осум лица загинаа при пад на бомбардерот Б-52 на американските воздухопловни сили во Калифорнија

16.06.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Осум лица загинаа при пад на бомбардерот Б-52 на американските воздухопловни сили во Калифорнија

Авионот бил на рутинска тест мисија.  „ Денес, воздухопловната база Едвардс доживеа ужасна трагедија и загубивме осум одлични американци“, рече полковник Џејмс Хејс, опишувајќи ги како „мешана екипа од војници, владини цивили и владини изведувачи“.

Б-52 ја се урнал веднаш по полетувањето и се запалил. Сè уште не е утврдена причината за несреќата  сè додека не се спроведат низа истраги, кои би можеле да траат до 30 дена. Боингот Б-52 стратофортрес го користи американската војска уште од 50-тите. Го носи прекарот „Баф“, што е делумно кратенка за „голем грд дебел“.

Б-52 е стратешки бомбардер со долг дострел кој учествувал во бомбардирања за време на војната меѓу САД и Израел во Иран.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата