Остин: Американските тенкови Абрамс наскоро ќе влезат во Украина

19.09.2023
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Остин: Американските тенкови Абрамс наскоро ќе влезат во Украина

Вашингтон му ги вети тенковите на Киев на почетокот на годината, како дел од повеќе од 43 милијарди долари безбедносна помош, што ја ветија САД откако Русија ја нападна Украина во февруари 2022 година.

„Задоволство ми е да објавам дека тенковите М1 Абрамс за кои претходно се обврзаа САД ќе влезат во Украина наскоро“, рече Остин на отворањето на состанокот на Контакт групата за одбрана на Украина.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата