Ослободен е познат нарко бос- му ги вршел валканите „работи“ на Пабло Ескобар

5.12.2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Ослободен е познат нарко бос- му ги вршел валканите „работи“ на Пабло Ескобар

Според американското биро за затвори, Очоа-Васкез бил ослободен во вторникот, откако отслужил 25 години затворска казна која, според судската одлука, првично требало да трае 30 години, пренесе АП.

Ричард Клуг, адвокатот на Очоа, претходно изјави дека неговиот клиент заслужува предвремено ослободување бидејќи неговата казна далеку го надминува она што е соодветно за количеството запленет кокаин што властите можеле да му го припишат.

Очоа (67) и неговите постари браќа собраа богатство кога кокаинот почна да ги преплавува САД во доцните 1970-ти и раните 1980-ти, според американските власти, до таа мера што магазинот Форбс ги прогласи за едни од милијардери во 1987 година.

Живеејќи во Мајами, Очоа го водеше дистрибутивниот центар на картелот за кокаин на чело со Пабло Ескобар.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата