Орбан: Влезот на Украина во НАТО би значело војна со Русија

28.06.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Орбан: Влезот на Украина во НАТО би значело војна со Русија

„Украина во НАТО? Тоа би значело војна со Русија и трета светска војна веќе следниот ден. Во меѓувреме, неразумното брзање на Европската Унија да ја прифати Украина би ги одвлекло фронтовите во срцето на Европа“, напиша Орбан на Платформа X.

„Нема да им дозволиме да ја претворат Европа во бојно поле“

Ставовите на унгарскиот премиер ги истакнуваат длабоките поделби во Европската Унија околу барањето на Украина за членство. Неколку земји-членки се залагаат за побрза интеграција во услови на војна со Русија, додека Унгарија продолжува да се спротивставува на тоа, наведувајќи ги безбедносните и геополитичките проблеми.

„Ова не е дипломатија, ова е лудило - кибритите не се фрлаат во буре барут. Нема да им дозволиме да ја претворат Европа во бојно поле“, истакна тој.

Орбан веќе нагласи дека Унгарија не сака да биде во истата политичка и економска унија со земја која моментално е во војна. „Проблемот е војната. Ако ја интегрираме Украина во Европската Унија, ќе интегрираме и војна“, рече Орбан на почетокот на неделата.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата