Орбан: Неприфатлива е желбата на Брисел мигрантите на сила да ги префрла во Унгарија

9.06.2023
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Орбан: Неприфатлива е желбата на Брисел мигрантите на сила да ги префрла во Унгарија

„Брисел ја злоупотребува својата моќ. Тие сакаат на сила да ги преселат мигрантите во Унгарија“, рече Орбан, а на Твитер го постира портпаролот на унгарската влада, Золтан Ковач.

Тоа, како што кажа Орбан, е „неприфатливо“.

Министрите за внатрешни работи на членките на Европската унија постигнаа договор за промена на системот за азил, што подразбира и споделување на одговорноста кога станува збор за мигрантите кои влегуваат во Европа без дозвола. 

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата